Растителниот свет во Република Македонија
е разновиден и богат. Тој зависи од климата, водите, составот на
почвите, надморската височина и друго. Според географската положба Република Македонија се наоѓа меѓу две големи растително-географски области: медитеранска и евро-сибирска.
Претставници од медитеранската расителна област има во подрачјата во
кои се чувстуваат влијанијата на изменето-медитеранската клима, а тоа се
Средно Поварадрие, во клисурите на Вардар и на неговите притоки (Црна Река, Брегалница, Пчиња) и долината на Црн Дрим. Растителни претставници од евро-сибирската растителна област има во другите подрачја на Република Македонија. Но, има подрачја каде се преплетуваат растителни видови од двете области (Скопската Котлина), а на високите планини во Македонија се јавуваат глацијални реликти од аркто-алпската флора.
Природниот растителен свет во Република Македонија е составен од шуми и треви.
Шуми
Шумите се најраспространети во ридско-планинските подрачја. Тие покриваат повеќе од 906.000 хектари или 35% од Република Македонија. Шумите се наоѓаат на 300 до 2.000 м надморска височина. Најзастапени се: листопадните шуми (825.000 хектари), мешовитите (41.000 хектари) и иглолисните шуми (40.000 хектари). Од листопадните шуми најголема површина зафаќаат дабот и буката, потоа брезата, а од иглолисните борот, елата и смреката.
Листопадните шуми се распространети на сите планини во Република Македонија, а иглолисните шуми најмногу ги има на Шар Планина, Пелистер, Ниџе, Кожуф и други.
Во ниските пуми се јавуваат: габер, јасен, леска, а покрај реките: врба и топола. Во долниот дел на Повардарието се застапени некои медитераснки иглолисни видови, зеленика, прнар, тиса и други, кои со заедничко име се нарекуваат макии.
Тревна вегетација
Во Република Македонија тревната вегетација ја образуваат ливадите и пасиштата.
Ливадите се застапени релиси во сите котлини во Република Македонија,
покрај реките и потоците, глано каде што постојат услови за нивно
наводнување. Тие заффаќаат површина од околу 53.000 хектари, а обраснати
се со детелини и разни други треви.
Пасиштата се распространети на 670.000 хектари. Според
распространетоста и надморската височина тие се делат на
високоппланински и рамничарски. Најмлаку се застапени низинските
пасишта, повеќе се раширени ридските, а најзастапени се планинските
пасишта. Најголемите планински пасишта се наоѓаат на Шар Планина, Бистра, Јакупица, Галичица, Баба (Пелистер), Кожуф, Плачковица и Осогово. Ридски пасишта има на ридовите околу котлините и на просторот на Повардарието.
Во Средно Повардарие, на просторот меѓу Неготино, Штип и Велес е застапена полустепска вегетација.
Таму нема шуми, а ридноста е голема, почвата е засолена, и се јавуваат
седум ендемични претставници на старите плиоценски степски видови.
Во калливите и мочурливи терени на Пелагонија, Преспа, Во Охридско-струшкото Поле, Моноспитово - Струмичко Поле, Катланово - Скопско
и на други места е развиена мочуришна вегетација. Во крајбрежните
делови на големите езера е пристуна микрофитската вегетација, од која
особено е карактеристична трската.
Културни растенија во Република Македонија се одгледуваат скоро во сите предели. И тоа 8 житни растенија, околу 15 индустриски растенија, околу 50 градинарски растенија, 5-6 фуражни растенија, 18-20 видови овошје и винова лоза.
Нивната распространетост е во тесна врска со климатските услови,
надморската височина, богатството на вода, осонченоста, експозицијата на
теренот, геолошкиот и педолошкиот состав итн.
Животински свет
Животинскиот свет во Република Македонија
е разновиден и е во непосредна зависност од природните услови, но и од
разновидноста на растителниот свет. Поради тоа некои животни живеат во
полињата, други во езерата и реките, а многу од нив во шимите и
највисоките каменести делови од палнините. Има и животни кои живеат во
земјата, пештерите и сл. Просторот на Република Македонија не е хомогена зоо-географска област. Животинскиот свет во Република Македонија е составен од средноевропска и медитеранска фауна, а има претставници и од источноевропската фауна.
Медитеранската фауна во Република Македонија е сотавена од Егејско-медитеранска и од Јадранско-медитеранска Фауна. Егејско-медитеранската фауна е распространето по должина на реката Вардар до Скопска Котлина, потоа во Овче Поле и во јужниот дел на Пелагонија. Јадранско-медитеранската фауна е раширена по должината на Црн Дрим, во Дебарската и Охридско-струшката Котлина.
Средноевропската фауна во Република Македонија е најраспространета и тоа во сите планини на Република Македонија. Нејзини карактеристични претставници се: мечка, волк, дива свиња, лисица, срна, елен, рис, дива коза, зајак, видра, куна, тетреб, орел, јастреб, еребица камењарка, фазан, чавка, верверица, клукајдрвец, крт, желка, потоа разни видови гуштери, отровни змии и други видови фауна.
Во просторите на езера и на реките се јавува т.н. водна фауна. Главни претставници на овој вид гауна се разните видови риби. Од речните риби: речна пастрмка, мрена, попадика, костреш, крап, сомот и други. Животинскиот свет во Охридско Езеро
припаѓа на западнобалканската фауна и рибите имаат, главно, ендемичен
карактер. Најпозната е пастрмката, а особено интересна е јагулата. Преспанско Езеро спаѓа во епирската водена фауна, видејќи има заедничко потекло со езерата во Епир, а Дојранско Езеро спаѓа во вардарската фауна.
Во мочурливите ниски терени на Скопската и на Струмичката
Котлина, во Пелагонија и околуи мочурливите зони на големите езера
живеат барски животни, од кои најкарактеристични се птиците. Такви се дива гуска, чапја, пеликан и други. Во подрачјето на Дојранското Езеро живеат птиците корморани, кои во сезоната на риболов се користат како гонители на рибите.
Од подземната фауна особено е интересна пештерската. Во повеќето пешетри во Македонија има лилјаци, пајаци и пештерски скакулци.
Покрај дивите, има и домашни животни коишто ги одгледува човекот, заради користа што ја има од нив. Од домашниот животински свет се одгледуваат следниве животни: овци, говеда, свињи, коњи, магариња и др. Од птиците најзастапени се: кокошки, мисирки, шатки, пајки и друго.